+389 70 233 235

Заштита на кожата од сонце, инсекти и сериозни инфекции

После долгиот зимски период на покриеност на кожата , по доаѓањето на топлите денови се зголемува и нашата изложеност на сонце и контакт со природата.

Луѓето кои се занимаваат со планинарење, возење велосипед, трчање во природа се поизложени на сонце и повисок ув индекс.
Во ваков амбиент важно е да се зачува квалитетот на кожата преку нејзино хидрирање, пиење вода, креми за СПФ 50 фактор, соодветна летна облека која ќе ве покрие целосно и ќе ве штити од силните сончеви зраци, а секако и од каснување на инсекти.


Голото тело, кожата пред се на рацете и нозете додека движиме во природа, многу често е изложена на екстерни повреди и гребаници од камења, карпи, паднати дрва и гранки. Слично се случува и додека возиме точак низ планински и шумски предели. Таквата ситуација каде кожата има најразлични (мали и поголеми отворени рани, повреди, крварења) оштетувања е сериозно подложна на инфекции кои можат да настанат доколку сме изложени подолго време на отворено.


Пример: имаме ситна повреда, гребаница, но отворена крвава рана која навидум “не е ништо”, настаната во почетните саати од турата која ќе трае цел ден. Ако истата соодветно не биде третирана, исчистена, дезинфицирана, покриена со завој или фластер, при понатамошното движење изложени сме на дополнителен контакт со природата и инсекти кои на отворена рана можат да нанесат инфекции до крајни несакани граници. Повредените места дополнително ги привлекуваат најразлични летечки инсекти, муви, комарци, мушички кои во директен контакт со отворената рана пренесуваат отров, вируси кој брзо ја контаминира регијата околу раната. Инфекциите во рок од 3-6-12-24 часа можат да доведат до отоци, сериозни воспаленија и нови рани на кожата кои мора потоа да се лекуваат со силни медикаменти, креми и инекции, подолг временски период.

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Локација:

ул. Васил Ѓоргов бр.34 лок.4 вл.3., Скопје, Македонија

Работно време:

Пон-Петок:
09:00 - 17:00

Сабота-Недела
затворено

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Се испрќа
Вашата резервација е направена.Ви благодариме!