Успешен третман на базоцелуларен карцином (BCC) со топикален imiquimod
Базоцелуларниот карцином (BCC) е најчест рак на кожата ширум светот и е во постојан пораст секоја година.
Дерматохируршкото отстранување на базоцелуларниот карцином, иако претставува златен стандард во терапијата, може да биде невозможен практично да се спроведе во областа на лицето заради потенцијалното уништување на околното ткиво и невозможноста за естетска реконструкција потоа. Imiquimod (IMQ) може да биде ефикасна имунобиолошка алтернатива за хирургија во одредени случаи, кај имунокомпетентни пациенти.
Imiquimod (IMQ) во облик на 5% крем е имуномодулаторен и антитуморски агенс, кој се користи како топикален третман за површински базоцелуларен карцином (BCC).
Точниот механизам на дејство на imiquimod кај површински BCC не е познат. Се смета дека антитуморскиот ефект се должи на модификација на имунолошкиот одговор и поттикнување на BCC клетките да се самоуништат. Клиничките студии спроведени со цел да ја испитаат долгорочната ефикасност на 5% крем imiquimod во период од 6 седмици , нанесување еднаш дневно 5 пати седмично , прикажуваат стапка од 90% ефикасност во контролните прегледи, спроведени по 3 месеци. Клиничката ефикасност во контролите по 1 година е 84% , а 80% по 3 години, со малку соопштени случаи на рецидиви дури и по 5 години .
По нанесување, кремот imiquimod (IMQ) 5% крем треба да остане да делува на кожата 8 часа , без миење, туширање или капење.
Дополнително, кога ќе почнат да се појавуваат крусти, истите може да се третираат со нанесување на генцијана виолетово во концентрација од 1%–2% за спречување раст на грам-позитивни бактерии . Најдобро е да се избегнуваат антибиотици во оваа фаза.
Контакт
Имате дополнителни прашања?
Локација:
ул. Васил Ѓоргов бр.34 лок.4 вл.3., Скопје, Македонија
Работно време:
Пон-Петок:
09:00 - 17:00
Сабота-Недела
затворено
Email:
Контакт
Имате дополнителни прашања?