+389 70 233 235

Што е дермохирургија?

Дермохирургија е третман на кожа, нокти и коса кои имаат медицински неопходни и естетски состојби со употреба на разни хируршки методи . Исто така е позната и како дерматохирургија.

 

Сите дерматолози поседуваат основна обука за дермохирургија. Некои дерматолози стекнуваат дополнителни обуки во напредни дермохируршки процедури .

Дермохирургијата е неопходна за отстранување рак на кожата и други сомнителни кожни промени , како на пример:

  • Меланоми
  • Сквамозни карциноми
  • Базоцелуларни карциноми
  • Ретки кожни тумори

Микрографичката хирургија по Mohs се користи за отстранување на кожен рак на лицето , особено ако рабовите не се јасни или промената се повторува.

Дермохирургија исто така се користи за отстранување на бенигни израстоци кои предизвикуваат асиметрија или естетски нарушувања , како што се големи бемки или себороични кератози .

Козметички дермохируршки процедури се на пример:

  • Дермабразија
  • Хирургија на очни капаци
  • Третмани на лузни
  • Пресадување на коса
  • Липосукција
  • Сукциона киретажа против потење

Дермохирурзите исто така применуваат и не-хируршки козметички техники , како што се :

  • Ласерско обновување на кожата, отстранување тетоважи, епилација и третмани за проширени крвни садови
  • Пополнување на меките ткива (филери или импланти)
  • Хемиски пилинзи
  • ПРП третмани на плазма збогатена со тромбоцити
  • Склеротерапија

Во најголем број од случаите, дермохирургијата се изведува со локална анестезија во посебна просторија од ординацијата .

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Локација:

ул. Васил Ѓоргов бр.34 лок.4 вл.3., Скопје, Македонија

Работно време:

Пон-Петок:
09:00 - 17:00

Сабота-Недела
затворено

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Се испрќа
Вашата резервација е направена.Ви благодариме!