Отстранување папилом на очните капаци
Папиломи се едни од најчестите тумори на очните капаци и вообичаено се појавуваат кај средовечни или повозрасни пациенти.
Тие се бенигни, безболни и имаат мал ризик да прераснат во рак.
Третманот вообичаено се состои од следење или хируршко отстранување, ако промената е голема или отечена.
Терминот папилом се однесува на цела група различни епителни пролиферации кои може да ја зафатат кожата од очните капаци. Овие промени не мора нужно да се поврзани со папилома вирусот. Израстоците не се опасни, но може да предизвикаат лесна иритација или да бидат естетски непријатни за пациентите.
Битно е да се направи јасна разлика меѓу бенигна промена како што е папилом од потенцијална малигна промена на очните капаци. Малигните промени кои наликуваат на папиломи често се асоцирани со хронична изложеност на ултравиолетово зрачење или оштетувања од сонцето.
Видови бенигни папиломи на очните капаци
- Сквамозен папилом (втора или прва најчеста, идиопатска)
- Себороична кератоза (прва или втора најчеста, идиопатска)
- Псевдоепителиоматозна хиперплазија
- Инверзна фоликуларна кератоза
- Верука вулгарис (ХПВ вирус тип 6 или 11)
Контакт
Имате дополнителни прашања?
Локација:
ул. Васил Ѓоргов бр.34 лок.4 вл.3., Скопје, Македонија
Работно време:
Пон-Петок:
09:00 - 17:00
Сабота-Недела
затворено
Email:
Контакт
Имате дополнителни прашања?