Отстранување на себороична брадавица со РФ дермохирургија
Себороичните брадавици (познати и како себороични кератози) се вообичаено бенигни , хиперкератотички промени на кожата поврзани со возраста, односно стареењето.
Причинителот не е доволно познат, но се чини дека станува збор за дегенеративно заболување на кожата во кое сончевата светлина игра голема улога, затоа што себороичните кератози често се појавуваат на места со претходни изгореници од сонцето.
- Речиси сите пациенти во поодминати години имаат неколку себороични брадавици.
- Се проценува дека преку 90% од лицата постари од 60 години имаат барем 1 себороична брадавица.
- Вообичано почнуваат да се појавуваат по 40-тата година, без разлика од полот.
- Себороичните брадавици се поретки кај лица со потемен тен.
- Најчесто засегнати делови од телото се лицето и торзото.
- Обично има повеќе од 1 брадавица.
Дијагнозата на себороични брадавици во специјалистичката ординација по дерматовенерологија Вивидерм се поставува со дермоскопија.
Отстранувањето се врши за само неколку минути преку радиофреквентна дермохирургија со најсовремен Ellman апарат.
Себороичната брадавица треба да се отстрани ако:
- Ја нарушува естетиката на изгледот, ако често се иритира од облека или ако не сме целосно сигурни во дијагнозата.
Иако себороичните брадавици се бенигни, тие не се губат спонтано, туку напротив се зголемуваат и задебелуваат со тек на време.
Контакт
Имате дополнителни прашања?
Локација:
ул. Васил Ѓоргов бр.34 лок.4 вл.3., Скопје, Македонија
Работно време:
Пон-Петок:
09:00 - 17:00
Сабота-Недела
затворено
Email:
Контакт
Имате дополнителни прашања?