Наши третмани
Специјалистички прегледи
Вивидерм Ви нуди специјалистички прегледи и дијагностика на сите кожни заболувања, лекување на акни и отстранување на кожни израстоци.
Лекување на акни
Акните се хронична воспалителна болест што зависи од генетиката, исхраната, стресот и хормоналните нарушувања. Акните го нарушуваат естетскиот изглед и кај многумина предизвикуваат психичко оптоварување, затворање во себе, асоцијално однесување и можна депресивност.
За да не се влоши ситуацијата, се препорачува акните да не се третираат на своја рака, туку третманот да се остави на искусен тим дерматолози. Еден од третманите што се употребува против акни е хемискиот пилинг, кој претставува медицински третман со кој се подобрува изгледот и текстурата на кожата, се третираат лузни, акни и други оштетувања на кожата.

Криотерапија
Криотерапијата се базира на ладење на кожното ткиво на ниска температура.
Оваа терапија помага при бројни индикации што се појавуваат на кожата, а доста е успешна и при третирање на целулит и отстранување на масните наслаги во телото. По само 2-3 третмани со криотерапија, кожата се прочистува и изгледа многу поубаво и помладо од претходно, расположението се подобрува, а сонот се нормализира.

Проширени вени
Третман и дијагностика на проширени вени и капилари
Вивидерм Ви нуди дијагностика и професионален третман на проширени вени и капилари. Иако на почеток вените кои се наѕираат на површината на кожата се само козметски проблем, тие подоцна можат да станат сериозен медицински проблем. Со професионалниот третман во Вивидерм може да си помогнете во ублажување и отстранување на овој проблем, но за посакувани резултати и целосен ефект, потребни се повеќе третмани, чиј број зависи од бојата, големината и бројот на крвните садови што треба да се третираат.

Опаѓање на коса
Третман и дијагностика против опаѓање на коса и брада
Вивидерм Ви нуди третман и дијагностика против опаѓање на коса и брада. Губењето на косата е еден од најсериозните проблеми што подеднакво ги зафаќа машкиот и женскиот пол. За враќање на самодовербата преку враќање на изгубените влакна, Ви нудиме професионален третман против опаѓање на коса. Во низата третмани спаѓа и ПРП третманот, кој е познат како ефикасна метода за подмладување и враќање на изгубената коса.

Габични заболувања
Третман и дијагностика на габични заболувања
Кожата лесно се раздразува и е изложена на инфекции што можат да предизвикаат габични заболувања. Постојат голем број габични заболувања во различни делови од телото. За секое габично заболување на кој било дел од телото, во Вивидерм се достапни професионални третмани што ќе Ви помогнат во справување со тој кожен проблем.

Биопсија на кожа
Во Вивидерм се изведува биопсија на кожа, која претставува земање мал примерок од ткиво што се анализира под микроскоп за точно утврдување и дијагностицирање на иритација или кожно заболување.

Наши третмани
Естетски третмани
Прочитајте повеќе
Блог

ВИВИДЕРМ
СЕКОГАШ
СО ВАС
За нас
Кои сме ние?
Дерматолошко-естетска ординација Вивидерм се занимава со лекување на болести на кожата, општи дерматолошки и венеролошки прегледи, дермоскопија, миколошко испитување, отстранување на кожни промени со радиобран и криотерапија, како и склерозација на површни мали крвни садови и алерго тестови.
Во ординацијата се работи и на естетски корекции како што се мезотерапија, микродермоабразија, хемиски пилинзи, аплицирање филери и ботокс, козметички третмани и третмани со плазма богата со тромбоцити.
Во дерматолошко-естетската ординација Вивидерм работи медицински персонал, д-р Вангел Битољану и д-р Вероника Давчева Битољану, со долгогодишно професионално искуство во дермато-венерологијата, подготвени да излезат во пресрет на потребите на пациентот со стручен совет, преглед и медицинско лекување.
Дерматолошко-естетската ординација е лоцирана во Скопје, спроти црквата Св. Јован, на ул. Васил Ѓоргов бр. 34, лок. 4, вл. 3.
Контакт
Имате дополнителни прашања?
Локација:
ул. Васил Ѓоргов бр. 34, лок. 4, вл. 3, Скопје, Македонија
Работно време:
Понеделник - Петок:
09:00 - 17:00
Сабота - Недела:
Затворено
Е-маил:
Контакт
Имате дополнителни прашања?








